|
Груевски: Кога нам ни треба НАТО, добиваме лекции по политика тукушто објавено РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Премиерот Никола Груевски не очекува Македонија да добие покана за членство во НАТО на тековнуиот самит на Алијансата во Чикаго. Во интервју за Македонската информативна агенција претседателот на владата говори за, како што е наведено, „непринципиелен однос и политика на двоен стандард на Алијансата како и селективната примена на меѓународното право“. „ Самитот е самит на земјите членки, ние сме само кандидат, кој кога им е потребен го користат, а кога нам НАТО ни треба, добиваме лекции по ... „Твитер“ блокиран во Пакистантукушто објавено РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Пакистанската влада го блокираше пристапот до социјалната мрежа „Твитер“ поради ширење на материјали кои се сметаат за навредливи на Исламот. Новинската агенција „Асошиејтед Прес“ ја пренесува изјавата на претседателот на Пакистанската агенција за телекомуникации Мохамед Јасен, кој рекол дека пристапот до „Твитер“ е блокиран поради содржини поврзани со натпревар за најдобра карикатура на пророкот Мухамед. „Фејсбук“, социјалната мрежа каде се организира натпреварот, се согласил да ги разгледа ... Осветена црква во Трница гостиварскотукушто објавено СИТЕЛ (Македонија) -- Со црковно-народен собир во месноста Трница, општина Маврово Ростуше беше осветена манастирската црква Свети Никола летен. Со чинот на осветување чиноначалствуваше митрополитот Полошко-кумановски г.Кирил. Почна реконструкција на ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром тукушто објавено СИТЕЛ (Македонија) -- Општина Аеродром денеска почна реконструкција на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ која ќе трае во текот на летниот распуст. Ќе се менува целиот азбестен покрив со ребрест лим, замена на подовите, термоизолација и целосно реновирање на тоалетите. Градежните работи ги изведува фирмата „Периш градба“. - Целокупната инвестиција е 12,5 милиони денари од буџетот на општина Аеродром во соработка со Министерството за образование и наука. Ангела Меркел навистина предложила референдум за еврото во Грцијатукушто објавено СИТЕЛ (Балкан) -- Германското списание Шпигел тврди дека германскиот канцелар Ангела Меркел навистина предложила Грција да спроведе референдум за останување во еврозоната паралелно со изборите на 17 јуни. Во статија во весникот со наслов Еврозоната се заканува да ја исфрли Грција, и поместена во утрешниот број, се вели дека прашањето со референдумот е поставено за време на последното заседание на Ев Спасен кинески рудар по 17 денови под земјатукушто објавено СИТЕЛ (Свет) -- Рудар кој 17 денови беше затрупан под земја, спасен е од рудник на северозапад во Кина, јави Синхуа. Здравствената состојба на рударот е стабилна по третманот во болница. Приведени 30 албански државјани во гостиварско тукушто објавено СИТЕЛ (Македонија) -- Во акциска контрола на полицијата на поширокото гостиварско подрачје биле откриени триесет лица, албански државјани од кои само едно го имало регулирано својот престој. Седуммина од нив немале никакви документи. Според СВР Тетово, контролата била спроведена во Гостивар и околината на селата Чегране и Врапчиште. Сите лица се приведени и задржани на разговор во гостиварскатаа полициска станица. Приведена банда од скопска Пинтија, осомничена за серија кражби тукушто објавено СИТЕЛ (Македонија) -- Во населбата Драчево, приведени се пет момчиња на возраст од 15 до 28 години, под сомнение дека извршиле шест кривични дела. Како што соопшти МВР, во полициската станица во Драчево приведени се Б.С. (20), Ф.Д.(19), Д.С.(24), М.С.(15) и В.Р. Деветнаесетмина настрадани во поплави во Авганистанпред 1 час РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Авганистанските власти соопштија дека најмалку 19 лица настрадале, додека педесетмина се водат за исчезнати во поплавите кои го зафатија северниот дел на земјата. Илјадници луѓе останале без домови во провинцијата Сари Пул и се згрижени во џамии и училишта. Поплавите се резултат на интензивните врнежи и топењето на снегот од најстудената зима во земјата во последниве петнаесет години. Двајца убиени во напад во Авганистанпред 1 час РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- НАТО соопшти дека двајца коалициски војници загинале во напад во јужниот дел на Авганистан денеска. Локалната полиција соопшти дека најмалку две деца и неколкумина цивили биле повредени во експлозија на автомобил бомба, чија цел бил конвој на Алијансата во градот Тирин Кот. За сега не се открива идентитетот на загинатите. Инцидентот се случи неколку дена откако талибанските бунтовници убија двајца припадници на НАТО во база на Алијансата во провинцијата Кинар. Вкупно 24 странски војници ...
Повеќе вести
|