ЗАВОД ЗА НЕФРОЛОГИЈА И ХЕМОДИЈАЛИЗА

 

е наоѓа на брегот на прекрасното Охридско Езеро. Активностите на Заводот вклучуваат неколку програми:

нефрологија

урологија

дијализа

рехабилитација

Специјализираниот медицински персонал со богато искуство и модерната опрема нудат висококвалитетни нефролошки услуги. Поликлиниката во состав на Заводот располага со следните високо развиени методи за дијагностика:

ехосонографија

комплетна биохемиска, хематолошка и имунолошка лабораторија

рентген дијагностика

дензитометрија итн.

 

 

За пациентите со хронична хемодијализа постои посебна програма Дијализа на одмор во клубот Рибарска куќа. Тој нуди: оптимална високостручна грижа, модерна опрема, можност за избор на мембрана за дијализа, реверзна осмоза - воден третман, оптимални климатски услови, можност за физикална терапија, хидротерапија, интензивна медицинска, психофизичка и социјална рехабилитација.

 

Назад