сабота, 4 февруари 2012
Општина Велес ќе поднесе жалба до Mинистерството за животна средина пред 9 часа СИТЕЛ (Бизнис) -- По Зелената коалиција, денеска и локалните власти ќе се жалат што министерството го прифатило писмото со намери на Метрудхем. За случувањата околу топилницата, седница одржа и одборот за спас на Велес. Одговори од министерството за животна ќе бараат и велешките пратеници кои од денеска се негови членови. Косовскиот премиер повикува на политичко единство во Косово и Србија пред 9 часа СИТЕЛ (Балкан) -- Во интерес на Косово и Србија е да постои директна комуникација на политичките лидери, изјави за Радио Слободна Европа, премиерот на Косово, Хашим Тачи. Како што пренесе дописникот на МИА од Прага, според Тачи, ситуацијата во северно Косово се подобрува и тој одлучно ја отфрла идејата за било каков специјален статус за овој дел. Турски воени авиони нападнаа три цели на ПКК во Северен Ирак пред 9 часа СИТЕЛ (Балкан) -- Турски воени авиони нападнаа три цели на Курдската работничка партија (ПКК) во реонот на Зап, Северен Ирак. Во соопштението објавено на интернет-страницата на Генералштабот на турските вооружени сили дека авионите успешно ја завршиле мисијата и се вратиле во базите, Дебата: Како до подобар меѓуетнички живот? пред 9 часа СИТЕЛ (Македонија) -- Остро ги осудуваме сите форми на провокации на етничка и верска основа и последните инциденти кои ги раскараа граѓаните во Македонија. Палењето на македонското и албанското знаме, антиалбанските скандирања на спортските терени, сквернавењето на исламските вредности на Вевчанкиот карневал, обидите за палње на цркви, џамии. Битолски Баир е претворена во рај за наркодилери пред 9 часа СИТЕЛ (Македонија) -- Населбата Петочна вода на битолски Баир е претворена во рај за наркодилери. Хероин, дијазепам, тромадол и други наркотични средства се продаваат на секој чекор, по багателни цени, се жалат жителите од ромската населба. Тврдат дека помеѓу стотината зависници, од Нова година до сега од дрога починале двајца дваесетгодишници, а родителските апели за помош засега остануваат нечуени. Бедуините ги ослободија двете американски заложнички пред 9 часа СИТЕЛ (Свет) -- Двете американски туристки кои денеска беа киднапирани од египетските бедиуни се ослободени. Двете американски туристки и нивниот египетски водач беа киднапирани во јужнио дел на Синајскиот Полуостров. пред 10 часа СИТЕЛ (Бизнис) -- По Прага Македонија остана без директни летови и кон Будимпешта. Унгарски „Малев“ банкротираше. Летовите Скопје- Будимпешта од денеска и официјално се откажани. Но не само во Македонија туку во сите земји каде што оперира оваа унгарска компанија. Ваквата одлука дојде откако кредиторите побарале брза отплата на долговите, пишуваат странските медиуми. Русија не може да ја поддржи резолуцијата за Сирија пред 10 часа РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Заменик шефот на руската дипломатија Генадиј Гатилов изјави дека неговата земја не може да ја поддржи предлог резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Сирија. Тој прецизира дека измените кои биле направени во текстот не биле доволни. Во предлогот сега изрично не се бара од претседателот Башар ал Асад да ја напушти функцијата. Во меѓувреме, активисти за човекови права соопштија дека во денешните судири со безбедносните сили во Сирија биле убиени најмалку 20 луѓе. Грците изнеле 65 милијарди евра од Грција пред 10 часа СИТЕЛ (Бизнис) -- Грците изнеле 65 милијарди евра од Грција од 2009-та кога се разгоре должничката криза. Овој податок го презентираше грчкиот министер за финансии Венизелос кој вели дека од овие пари само 16 милијарди евра по легален пат биле повлечени од грчките и префрлени во странските банки. ХРВ: иранските власти апсат роднини на новинари пред 10 часа РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Организацијата Хјуман рајтс воч соопшти дека иранските власти апселе роднини и пријатели на новинари кои работеле во странство. Како пример се посочува дека во минатиот месец иранските безбедносни сили упаднале во домот на еден роднина на новинар на персискиот сервис на Би Би Си, по што скоро две недели го држеле како заложник. Според ХРВ, по се изгледа станува збор за поширока кампања за притисок врз новинарите кои работат за странски медиуми. Намалена стапката на невработеност во САД пред 11 часа РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Стапката на невработеност во Соединетите држави падна на 8,3 насто и е најниска во изминативе две години. Американското министерство за труд денеска соопшти дека во јануари биле отворени нови 234 илјади работни места, најмногу во приватниот сектор. ЕК: Договорот за грчкиот долг е „на дофат на раката“ пред 11 часа СИТЕЛ (Бизнис) -- Договорот за реструктурирање на грчкиот долг во висина од 200 милијарди е во рацете на приватните кредитори, со што ќе се отвори пат за новиот пакет на меѓународна финансиска помош е „на дофат на раката“, соопшти денеска Европската комисија. Портпаролот на еврокомесарот за економски и монетарни прашања Амадео Алтафаж истакна дека преговорите „се многу тешки“ бидејќи се утврдило дека е потребно банките да отпишат 70 отсто од побарувањ Анонимус ,,пресретнал,, разговор меѓу ФБИ и Скотланд јард пред 11 часа РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Хакерската група Анонимус соопшти дека пресретнала и објавила доверлив разговор меѓу агенти на американското Федерално истражно биро ФБИ и на британски Скотланд јард. Не е јасно на кој начин дошло до ова, но хакерите покрај снимката објавиле имејл на еден агент на ФБИ каде што биле изнесени податоци и шифра за пристап до разговорот. Управувачки комитет за препораките на ОБСЕ пред 12 часа РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Изборното законодавство и ажурирањето на избирачкиот список се двете клучни области на кои ќе се фокусира Управувачкиот комитет за адресирање на препораките од Конечниот извештај на ОДИХР, ОБСЕ за предвремените парламентарни избори 2011 година, што денеска беше конституиран во Скопје. Во комитетот ќе членуваат министрите за надворешни работи, за правда и за внатрешни работи, претседателот на Државната комисија, извршниот директор на Граѓанската асоцијација МОСТ како и амбасадорите на ОБСЕ, ЕУ и ... Почнува 48 минхенска безбедносна конференција пред 12 часа РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и претседателот на Светска банка Роберт Целик се меѓу учесниците на тридневната конференција за безбедност што денеска почнува во Минхен. Како главни теми на собирот се посочени светските енергетски извори, европската безбедносна улога и Блискиот Исток. Граѓаните се песимисти за проблемот со името пред 13 часа СИТЕЛ (Македонија) -- Расте песимизмот кај граѓаните дека ќе се реши проблемот со името, а Македонија ќе влезе во НАТО и ЕУ. Дури педесет проценти од анкетираните во истражувањето на дневниот весник Дневник одговориле дека ниту владата на ВМРО-ДПМНЕ и ниту влада на СДСМ не може да го реши проблемот. Нема ученички билет без платена оштета за компјутери пред 13 часа СИТЕЛ (Македонија) -- Средното фискултурно училиште ги условило средношколците, нема гратис возење во автобусите се додека не дадат пари да се направат компјутерите. Иако слободната карта е бесплатна и мора да ја добијат сите ученици, фискултурците биле принудени една недела да плаќаат за автобус. Билетите ги добиле кога ги подмириле долговите Студеното време во Европа и натаму ,,коси,, животи пред 13 часа РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Ниските температури и изобилниот снег и натаму предизвикуваат проблеми во поголемиот дел на Европа. Први жртви биле забележани и на Балканот каде што неколку илјади луѓе се блокирани во Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, БиХ и Македонија. Во некои региони студеното време предизвика прекин во електричната мрежа, сообраќаен хаос и затворање училишта, градинки и аеродроми. Бројот на жртвите од најсилната зима забележана во Европа во изминативе децении се искачи на 218. Ахмети, Џафери и Тачи како да го заборавиле своето работно место пред 13 часа СИТЕЛ (Македонија) -- Истражувањето на Граѓанската асоцијација „Мост“, објавено во извештајот „Мојот пратеник“, покажа дека овие тројца пратеници се со најголем број на отсуства од пленарните седници, но секогаш за нив имале оправдување. Во првите шест месеци од работата на актуелниот парламентарен состав само 30 од 123 пратеници на чело со собранискиот спикер Вељаноски немаат ниту едно отсуство. Кривична за Петров, прекршочна за Црвенковски пред 13 часа РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Македонија) -- Претседателот на Антикорупциска комисија Воислав Зафировски најави прекршочна пријава за Црвенковски за непријавен имот и кривични пријави за генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров, за управителот на А1 телевизија, Славко Нинов и за управителот на „Плус продукција“, која ги издаваше згаснатите весници Шпиц, Време и *** е ре, за незаконско финансирање на предизборната кампања на СДСМ. Нови демонстрации во Каиро, има и жртви пред 13 часа РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Во Каиро и денеска продолжиле судирите меѓу демонстрантите и полицијата, кои се всушност продолжение на нередите по фудбалскиот натпревар кога загинаа 74 луѓе. Денеска еден демонстрант загинал, а стотици биле повредени. Демонстрации имало и во градот Суец, каде што две лица загинале. Демонстрантите ја обвинуваат полицијата и воените власти за непревземање мерки за спречување на инцидентот по фудбалскиот натпревар. Конституиран Комитет за адресирање на извештај на ОБСЕ/ОДИХР за парламентарните избори пред 13 часа СИТЕЛ (Македонија) -- Во Владата на Република Македонија денеска беше конституиран Управувачкиот комитет за адресирање на препораките од конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори 2011 година. Првите порепораки на кои ќе се фокусира Комитетот се поврзани со изборната легислатива и избирачкиот список. Од Русија помалку гас за Европа пред 13 часа РАДИОСЛОБОДНАЕВРОПА (Вести) -- Европската Комисија соопшти дека испораката на природен гас од Русија е намалена во 8 држави од Унијата и тоа во Австрија, Бугарија, Грција, Унгарија, Италија, Полска, Романија и Словачка. Вчера руски Газпром соопшти дека ја зголемил испораката на гас, не само за Европа, туку и за Украина и Белорусија и оти проблемот е во Украина. Киев пак, тврди дека Русија е виновна за недостигот од гас. Поради снегот отежнат сообраќаот низ Македонија пред 14 часа СИТЕЛ (Македонија) -- Магистралниот пат Гостивар-Стража–Кичево е затворен за тешки товарни возила, додека на патот Маврово крак Дебар забраната е сеуште на сила На регионалниот пат до Попова Шапка екипите работат со полна пареа и се очекува да биде прооден до крајот на денот. Штрајк во Македонски Железници пред 14 часа СИТЕЛ (Бизнис) -- Независниот синдикат на машино-возачите во МЖ од денеска почнува со штрајк. Причина за протестот, како што велат, е доцнењето на платите и одбивањето на раковдството да се сретнат. Работниците нема да ги возат локомотивите кои технички се неисправни, а со останатите, во знак на протест, ќе ги возат со 40 км на час. |
Големина на текст: курсна листа
време
клубови
реклами
фејсбук
| ||||||||||||||||||||||||||||||||